Били Ајлиш носеше ноќница без ракави, украсена со беж чипка и се облече во наметка до подот. Носеше и маска за очи со монограм на Гучи. Нејзиното момче Џеси Радерфорд носеше пижами со долги ракави. И двајцата својот опуштен изглед го комплетирале со папучи на Гучи.

Покрај пижами, двојката ја изненади јавноста и со големото ќебе на Гучи со монограм во беж боја,со кое што се прекрија додека позираа за нивните први официјални заеднички фотографии.

Гласините за врската на Били Ајлиш со 11 години постариот пејач Џеси Радерфорд започнаа кога на TikTok се појави видео на кое двајцата се држат за рака, а парот неодамна ја потврди врската со објава на Инстаграм. Пејачката (20) сподели серија фотографии од прославата на Ноќта на вештерките, а на една од нив се гледаат таа и нејзиното момче (31) во костими како бебе и дедо.

Радерфорд беше во врска со моделот Девон Ли Карлсон од 2015 до 2021 година. Били претходно беше поврзана со раперот Брендон Кју Адамс и актерот Метју Тајлер Ворт.