Aлиу бил и заменик на шефот на мисјата во амбасадата на САД во Црна Гора од 2014 до 2017 година. Во моментов е во конзулатот на САД во Полска и е кандидат за амбасадор на САД во Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми.
Алиу потекнува од семејство на имигранти и е на листата на најсупешните Американци од албанско потекло. Во текот на дипломатската кариера Алиу бил добитник на бројни награди на Стејт департментот.
Зборува македонски, српски, полски, албански и англиски јазик. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина.