Потпретседателот на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација- ФИНА, Јосип Варводиќ денеска од Скопје испрати јасна порака за безрезервна поддршка на актуелното раководство на Националната пливачка федерација препознавајќи во него како што рече тој, искрени пријатели и партнери со кои Македонија ќе се врати на картата на светското пливање
.
Во рамки на првата официјална посета на ФИНА и ЛЕН од постоењето на пливачката федерација и средбите кои денеска беа остварени со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на МОК Даниел Димевски и со претседателот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, Варводиќ нагласи дека прва работа ќе биде заедничко решавање на проблемот со долгот на Федерацијата кон ФИНА, а со помош на државните институции ќе се бара решение и за блокираната сметка на пливачката федерација.
При тоа беше изразена спремност и поддршка за одредени проекти кои би се реализирале во текот на наредната година.