Бездна длабока 30 метри на кејот на Вардар во Аеродром, позади хотел Русија кон мостот Близнаци. Денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, укажа за опасноста која постои за граѓаните кои се движат по патеката покрај оваа опасна бездна.

Порано на ова место постоела лимена ограда, но истата веќе подолго време е отстранета-додава Ангелов. Апелира, во согласност со надлежностите на Град Скопје и општина Аеродром, итно да се постави соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Градоначалникот на општина Аеродорм Тимчо Муцунски, за тв 24 вели дека кејот на Вардар е во надлежност на Град Скопје, но и покрај тоа ќе испратат инспектори на посочената локацијата за да се направи увид и да се преземат мерки.

Ангелов денеска истакна дека заради заштита на граѓаните, ЦУК во средината на јуни оваа година, испратиле известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемувала.