Со ребалансот на Буџетот се предвидуваат средства за раст на платите од 15 отсто во правосудството, средното и основното образование и детската
грижа, 7 отсто раст на платите во високото образование и 5 отсто раст на платите во МВР и здравството.
Се предвидуваат и средства за субвенционирање на придонесите за покачување на платите во приватниот сектор.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека во однос на барањата на дел од синдикатите за покажување на платите во јавниот сектор преговорите во Владата се во тек во насока на изнаоѓање на издржано решение.
Бесими рече дека се работи на одржлив модел на раст на платите во јавниот
сектор, којшто ќе се заснова на продуктивноста на економијата и животниот
стандард на граѓаните.