Во услови на енергетска криза фокусот ќе биде енергетиката. Земјава и светот се соочуваат со една од најголемите кризи. 19 милиони евра ќе тежи буџетот на Министерството за економија, најголем  дел според ресорниот министер ќе се насочи за поддршка на домаќинставата и компанииите за заштеда на енергија. Најави и проширување на програмата за поддршка на ранливите категории. Дополнително зборуваа за намалувањето на цените на храната, енергијата и штедењето на компаниите и домаќинствата.