Раководството на Барселона уверува дека ќе успее да ги регистрира сите нови засилувања до првото коло од Ла Лига во сабота, тврди каталонски „Спорт“.
Според изворот каталонскиот клуб ги испратил сите потребни документи во лигата за регистрирање на новите играчи.
Раководството веќе го информирало тренерот Чави дека сите нови играчи ќе му бидат на располагање во првото коло на мечот со Рајо Валекано.
Се очекува во петок 12 август сите прашања да бидат решени, а веќе во сабота да бидат официјално регистрирани.
Како што е познато, поради финансиски проблеми клубот се уште не може да ги регистрира новите засилувања, бидејќи го надминува лимитот за плати.