
Барселона е исклучително активна на трансфер пазарот и до сега донесе четири големи засилувања.
Франк Кеси и Андреас Кристенсен пристигнаа како слободни агенти, додека Роберт Левандовски и Рафиња беа купени.
Меѓутоа, Барселона не може да регистрира ниту еден од новите фудбалери, кои засега можат да играат само на пријателски натпревари.
Каталонците имаат финансиски проблем и иако до сега инкасираа 500 милиони од продажба на ТВ права, сепак долгот е сеуште многу голем.
Каталонците во идниот период ќе мораат да го решат овој проблем со продажба на неколку играчи меѓу кои планирани се и Френки де Јонг и Мемфис Депај.
Шпанската лига не дозволува неконтролирано носење на нови фудбалери за да се спречи можен банкрот на клубовите.