„Сапуницата“ околку Френки де Јонг продолжува, откако и сега може да добие судска разврска.

 Барселона сака да го присили Френк де Јонг да прифати пониска плата или да се согласи на трансфер. Лапорта се заканува дека ќе поднесе тужба бидејќи во договорот на Де Јонг склучен со претходното раководство имало нелегални стапки.

„Атлетик“ пишува дека од Барселона му соопштиле на Де Јонг и на неговиот агент дека неговиот трансфер од Ајакс кој го реаллизирало претходното раководство, е сомнителен и му се заканиле со тужба и кривична пријава доколку не се согласи да замине во Манчестер Јунајтед или на драстично намалување на платата.

Фудбалерот настојува на ставот да остане на „Камп ноу“ и со сите сили одбива продажба. Основна причина за тоа е што Барселона оваа сезона треба да му исплати 17 милиони евра.

Коментари