Цените на нафтата денеска паднаа за три отсто, бидејќи новите епидемиолошки мерки во Кина, заедно со високата инфлација и растот на каматните стапки, ги зголемија стравувањата од намалување на побарувачката за овој енергетски производ.
Барел сурова нафта од типот брент поевтини за 2,9 долари и сега чини 92,74 долари, а барелот на американскиот пазар се продава за 86,83 долари по падот од 2,72 долари.
– Побарувачката за нафта во западниот свет стагнира, како и во Кина, а испораките постојано се зголемуваат, најмногу поради екстракција од нафтени шкрилци во САД – изјави аналитичарот Норберт Рукер од компанијата „Јулиус Баер“.
Главниот европски берзанскиот индекс ослабе на најниско ниво во претходните седум недели под влијание на стравувањата од агресивно зголемување на референтната каматна стапка со цел да се потисне рекордната инфлација.