Баерн Минхен го доби дербито со Барселона (2:0), Ливерпул стигна до тешка победа против Ајакс (2:1)
Иако Барселона во првото полувреме беше подобра и имаше повеќе шанси. Левандовски во првото полувреме имаше две чисти шанси, но не успеа да го совлада Мануел Ноер, а тоа го казнија Баварците.
Најпрво Хернандес го донесе Баерн во водство после еден корнер во 51-та минута, а само три минути подоцна Сане зголеми на 2:0. Гави имаше одлична шанса да ја врати неизвесноста, но ја погоди статувата.
https://www.youtube.com/watch?v=Fza-ZcbDStU
Ливерпул многу потешко од очекувањата дојде до победа против Ајакс. Се почна добро за „црвените“ откако Салах погоди за 1:0, но неколку минути подоцна Ајакс израмни на 1:1.
Ливерпул во второто полувреме создаде многу шанси, а голот за победа го постигна Матип во 89-та минута.
Баер Леверкузен го совлада Атлетико со 2:0, а перфектната ноќ на Германците ја комплетира Ајнтрахт со победата во Марсеј (0:1). Бриж го прегази Порто на гостувањето со 4:0.