
Баерн Минхен непосредно пред почетокот на турнирот во Катар беше тим со најмногу играчи на Мундијалот, а потоа започнаа проблемите.
Last Dance за Модриќ, Зошто ja отпишувате Германија? -4 ден ↓↓↓




Прво, по пристигнувањето на Сенегал во Катар, дефинитивно беше одлучено Садио Мане сепак да мора да оди на операција и негово враќање се очекува некаде во фервари.. Потоа, вчера Лукас Ернандез заработи кинење на лигаментите на коленото, што ќе значи дека ќе мора да паузира седум до девет месеци, што значи за него оваа сезона заврши.




Денеска Нусаир Мазрауи во натпреварот помеѓу Мароко и Хрватска беше изнесен од теренот на носилки, а се уште не се знае степенот на неговата повреда.




Баерн има уште 15 свои играчи на Светското првенство, а Јулијан Нагелсман сигурно дека не сака да се соочи со дополнителни проблеми.