Соединетите Држави се подготвени да подготват нов договор за нуклеарно оружје со Русија и ја повикаа Москва да ја покаже својата способност да преговара со добра волја, изјави американскиот претседател Џо Бајден пред глобалните дискусии за неширење во Обединетите нации на 1 август, јави Ројтерс.

Бајден, исто така, ја повика Кина „да се вклучи во разговори кои ќе го намалат ризикот од погрешни пресметки и ќе се справат со дестабилизирачката воена динамика“.

Официјални лица од целиот свет се собираат во Њујорк на Десеттата конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), две години откако беше одложен поради ковид-пандемијата.