Автомобил со скопски регистарски таблички падна в море во Неа Каликратија, Грција. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.

Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.

„Поздрав би сакале да го привлечеме вниманието на нашите следбеници за паркирање на угорнини. Дефинитивно кревање рачна кочница и автомобилот секогаш во брзина. Денеска за жал се случи несреќа во Неа Каликратија кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски регистарски таблички“, се вели во апелот на социјалните мрежи.