АТЕНТАТ ВРЗ ИМРАН КАН: Популарниот плејбој и екс-премиер на Пакистан е застрелан за време на жесток политички говор

Некогашниот играч на крикет, кој стана популистички лидер на Пакистан, Имран Кан, денеска беше застрелан во ногата за време на уште еден негов жесток политички говор. Како што пренесува Sky News, Кан бил итно пренесен во болница, а неговите поддржувачи велат дека тој го преживеал атентатот.

Медиумите јавуваат дека во престрелката е повреден и сенаторот Фајсал Џавед Кан.

Поранешниот играч на крикет – кој водеше кампања за нови избори откако беше соборен од власта во април – одржа жестоки говори на митинзи низ целата земја.

Пред неколку дена на поранешниот премиер на Пакистан му беше изречена забрана за вршење политичка функција во траење од пет години. Ваквата одлука се должи на неговата вмешаност во „коруптивни акции“.

Одлуката на изборната комисија значи дека Кан нема да може да учествува на следните општи избори во 2023 година. Инаку, тој беше разрешен во април кога му беше изгласана недоверба.

Сепак, овој поранешен играч на крикет, кој стана популистички лидер, сè уште ужива многу популарност во земјата.

Кој е Имран Кан?

Кан помина пат од заводник во лондонската елита,кој живеешеживот на висока нога, до потенцијален лидер на многу религиозна, опфатена со насилство и политички нестабилна нуклеарна сила.

Тој остро ги критикуваше американските воени интервенции во регионот и економското свртување на Пакистан кон Кина. Тој, исто така, се претстави како човек на народот, ветувајќи дека ќе создаде „исламска држава на благосостојба“ и ќе стави крај на децениската корупција, а истовремено ќе го подобри секојдневниот живот во земјата со 220 милиони жители.

– Мојот најголем предизвик ќе биде вработувањето на младите. Ова е најголемиот предизвик, ние направивме фантастичен план за вас, не само еден туку неколку планови. Со Божја волја ќе донесеме економски напредок на оваа земја, ќе ја подигнеме стапката на раст, а за пет години ќе изградиме пет милиони евтини куќи – рече Кан.

Роден е во Лахоре на 5 октомври 1952 година, а се школувал во Оксфорд. Тој ја претвори својата љубов кон летниот спорт во Англија во дваесетгодишна меѓународна кариера, и ја одведе неговата земја која е „луда“по крикетот до победа на Светското првенство во 1992 година.

Во согласност со неговата плејбој репутација, која го следеше додека беше активен спортист, тој се ожени три пати, последен пат на почетокот на оваа година. Од првиот брак има два сина

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...