Атанасоски: „Огнената група“ се бори за пари и тендери, не за реформи во ДУИ!

Внатрепартиските незадоволства во Демократската унија за интеграција (ДУИ), на таканаречената „Огнена гупа“ предводена од Муса Џафери, Изет Меџити и Блерим Беџети за работата на кадрите на ова партија во извршната власт, за политикологот Благојче Атанасоски се борба за прераспредалба на моќ и влијание во ова партија.

– Веројатно станува збор за прераспредалба на моќта на влијанието во ДУИ (со тоа и на парите и тендерите), а не за идеолошки судир. Оттука не гледам дека овие може да го загрозат парламентарното мнозинство, бидејќи ќе го загрозат евроатланскиот курс на земјата, а тоа значи директно спротиставување на интересите на Западот (во прв ред САД и ЕУ). Особено овие политички ликови се податливи за влијание од странците врз, така што не гледам таква варијанта. Дури мислам дека и автосугестивно тоа нема да го направат. Ќе гледаме само препукување во јавноста, а на крајот од денот ќе видиме истото како ќе заврши. Само како медиумски ПР, како фракција во ДУИ или пак со формирање на нова партија., изјави за „Локално“, Атанасоски.

На иницијативата на „бунтовниците“ на ДУИ, за како што велат реформи во партијата и незадоволство од кадрите во извршната власт потпишани покрај многу фиункционери се и двајца пратеници од редовите на оваa партија, Изет Меџити и Мерита Коџаџику. Поради ова во јавноста се покренa и прашањето за ново парламентарно мнозинство, со оглед дека актуелното има тенко мнозиство.

Покрај двајцата пратеници на ДУИ потпишани на иницијативата за реформи во ДУИ и незадовослство од работата на министрит на ова партија, на групата и се придружи и независниот пратеник Кастриот Реџепи. Тој во фотографија споделена на социалјните мрежи заедно со Изет Меџити и Блерим Беџети со натпис „Заедно“ најви дека и се приклучува на незадоволството на „огнените“ интегративци.

Инаку, на ексклузивно најавеното телевиско интервју на „фронтменот“ на „Огнената група“, Муса Џафери за вечер, нема да се појави. Причина поради која е откажено интервјуто е дека во вторник Муса Џафери ќе се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде ќе се разговара за незадоволставата на оваа група.

Како што дознава „Локално“ од високи партиски извори во ДУИ, Ахмети на Џафери ќе му соопшти дека нема намера да се откаже од досегашните кадри на ДУИ во извршната власт, поради тоа како што вели изворот, истите имат високи оценки за нивната работа од меѓународната заедница во земјава, како и од граѓаните на разни анкети.

Д.Ј.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...