Арсенал е лидер, а Гвардиола тврди: Ливерпул ни е најголемиот ривал за титулата

Викендов се игра големото дерби во англиската Премиер лига помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, во овој натпревар „сините“ влегуваат како фаворити со оглед на формата во која се наоѓаат двете екипи.

Ливерпул сезонава не ја стартуваше најдобро и во овој момент тие имаат 13 бода помалкју од Манчестер Сити и 14 од Арсенал кој е лидер. Во минатото коло токму Арсенал славеше против Ливерпул со 3:2.

Сепак, Пеп Гвардиола и понатаму го смета Ливерпул за главен фаворит за титулата.

„Ливерпул секогаш е фаворит за титулата. Знам со каков квалитет располагаат и што можат. Ако бевме на 10 кола пред крајот ќе кажев дека не можат да не стигнат, но вака ситуацијата многу поинаква, патот е долг. Не ме интересира дали во добар или лош момент, натпреварите со нив секогаш се тешки, така ќе биде и сега“, смета Гвардиола.

Дел од јавноста на оваа изјава гледа и како на мала провокација кон Арсенал и Артета.

Коментари
ПОСЛЕДНИ

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...

Талат Џафери ќе биде прв албански премиер

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на партискиот состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе ја преземе функцијата технички...