Често пати Килијан Мбапе е мета на критики на јавноста во последниот период поради неговиот однос на теренот и ароганцијата која ја покажува.

Сега се појави уште едно такво видео од натпреварот против Јувентус. Камерите од подтрибинскиот простор забележаа интересна конверзација помеѓу Хакими и Мбапе.

Французинот не беше задоволен од топките кои ги добиваше од својот соиграч.

“Мбапе: Се колнам, погледни го видеото….

Хакими: Ако е така, тогаш извини…..

Мбапе: Не е доволно да ми се извинуваш, дај ми една добра топка“, гласи нивнјиот разговор.

Коментари