Резултатите од најновата анкета на ИПСОС спроведена за потребите на опозициската партија, покажуваат дека ДУИ се со три пати поголема доверба од Алијанса за Албанците и Беса, во албанскиот политички блок, додека победа на следните избори би имале ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 19%, СДСМ е со рејтинг од 9 % .
За ДУИ би гласале 6 % од анкетираните, додека 2% за Алијанса за Албанците и по 1% за Алтернатива, БЕСА и ДПА.
-Својот глас на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 19 проценти од анкетираните, додека 9 проценти би гласале за СДСМ, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.
Левица на анкетата има 5 % од гласовите.
Од лидерите на политичките партии највисок рејтинг има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски според резултатите од анкетата.
На прашањето да ја оценат работата на политичарите со оценка од 1 до 10, најголем дел од анкетираните дале висока оценка за Мицкоски.
Неговата работа е оценета со 7, додека премиерот Димитар Ковачевски од граѓаните добил оцена 4. Со тројка е оценета работата на Димитар Апасиев и Али Ахмети.
Анкетата била спроведена од 2 до 21 септември на 1025 испитаници.