Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки

Централните банки се доследни во одржувањето на ценовната стабилност

Продолжениот раст на инфлацијата е феномен присутен во речиси сите економии во светот, што предизвикува подигнување на нивото на инфлациските очекувања и создава ризици за ценовната стабилност. Слична е и состојбата во земјите на Западен Балкан, поради што сите централни банки веќе започнаа со циклусот на монетарно затегнување преку соодветно управување со ликвидноста, зголемување на каматните стапки, а во зависност од монетарните стратегии коишто ги имаат, и преку користење други инструменти. Во услови кога растот на инфлацијата во голема мера произлегува од факторите на понудата, а неповолните ризици за побарувачката стануваат сè поизразени, неопходно е чекорите на централните банки да бидат внимателни и постепени. Со тоа ќе се намали штетата за економиите, чијшто раст и онака забавува, во услови кога ризиците од војната во Украина и енергетската криза се високи. Истовремено, на таков начин финансиската стабилност се заштитува од поголеми ризици. Во секој случај, централните банки и натаму се придржуваат до затегнување на монетарните услови, заради одржување на стабилноста на цените. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, учествуваше на Годишната конференција во организација на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки.

Анеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Борбата против инфлацијата во земјите во развој во Европа“, на која учествуваа и гувернерот на Албанија, Гент Сејко, членот на Советот на Народната банка на Романија, Ксаба Балинт и заменик-гувернерот на Народната банка на Унгарија, Барнабас Вираг. Учесниците ги споделија искуствата во справувањето со постојаниот раст на инфлацијата и пристапот во однос на нормализирањето на политиката. Беа разгледани идните предизвици за централните банки во регионот и нивниот одговор со оптималната комбинација на политики за постигнување на целите.

„Монетарно-фискалната координација секогаш е предуслов за стабилност и просперитет, а особено е потребна во кризни услови. Соочени со енергетската криза и војната во Украина, од фискалната и монетарната власт се очекува дека повторно ќе дадат придонес за надминување на неповолните ефекти врз економијата. Но, ако во текот на пандемијата монетарната политика овозможи поддршка за фискалните мерки, во овие нови кризни околности, фискалните мерки треба да овозможат поддршка за справување со ценовните притисоци. Притоа е потребна целна поддршка за најранливите категории, водејќи сметка за фискалната одржливост, особено во контекст на порастот на домашните каматни стапки и каматните стапки на меѓународните пазари“, истакна Ангеловска-Бежоска во своето обраќање.

На Конференцијата во Албанија, којашто годинава беше на тема: „Инфлацијата се врати: Како да се справиме со неа под зголемени неизвесности?“, беа одржани три сесии посветени на природата на основните причини за тековниот пораст на инфлацијата и опциите за нормализирање на политиката, притоа имајќи ги предвид разликите меѓу напредните економии и економиите во развој. Беа истакнати специфичните предизвици за монетарната политика, економската и финансиската стабилност на земјите од регионот.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...