
Фудбалерите на Реал Мадрид во среда го пречекуваат Наполи во рамките на Лигата на шампиони, а Карло Анчелоти се соочува со сериозни проблеми.
Имено, Анчелоти нема да може да смета на дури осум фудбалери, а последен кој се приклучи на листата повредени е Лука Модриќ.
Три дерби натпревари овој викенд
↓↓↓
Повредени се уште Тибо Куртоа, Едер Милитао, Винисиус Жуниор, Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени, Арда Ѓулер и Кепа Аризабалага.
Реал Мадрид е лидер во групата со 12 бодови, додека Наполи има само седум по четири одиграни меча.