Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека има шанси Марко Асенсио да си замине од клубот до крајот на преодниот рок.

Договорот на Асенсио истекува следното лето, Реал сака да го продаде, а Шпанецот во Мадрид има статус на резерва.

Шпанските медиуми тврдат дека неколку клубови го сакаат Асенсио, а најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека во моментов Марко чека да види дали ќе остане или ќе си замине од клубот. Ако не замине, тој останува 100% наш фудбалер во следната сезона“, изјави Анчелоти.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал за неговата слобода бара помеѓу 25 и 30 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари