Тренерот на актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во суперлативи зборуваше за своите фудбалери, кои се уште немаат пораз во новата сезона во сите натпреварувања.

Реал Мадрид синоќа славеше против Севиља со 3-1 и така остана на шест бодови предност пред Барселона.

„Ова е екипа која е задоволство да ја тренирате, бидејќи сите ги почитуваат одлуките кои ги носам и не предизвикуваат воопшто проблеми. Ова е еден од најдобрите тимови, ако не и најдобриот кој сум ја предводел во кариерата, изјави Анчелоти.

„Замените ни донесоа многу добри работи. Мораме да го преживееме овој дел од сезоната до Светското првенство, а тоа значи ќе страдаме за да победуваме“, додаде Анчелоти.

Коментари