
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од засилувањата и истакна дека оваа сезона има посилен тим.
Реал Мадрид летово ги ангажираше Антонио Рудигер и Орелиен Чуамени, откако претходно не успеа да го купи Килијан Мбапе.
„Нашиот тим е комплетиран. Имаме многу добри фудбалери и подобар тим од минатата сезона. Зголемен е и интензитетот на тренинзите, очекуваме добра сезона“, кажа Анчелоти.
„Многу ми се допадна Антонио Рудигер како лев бек. Не сум луд и знам дека тоа не е негова позиција, но тој е многу интелигентен. Тој може да игра на таа позиција или да ги замени местата со Давид Алаба, кој ќе игра на позицијата лев бек, но само кога е потребно. Не сакам да ја менувам централната дефанзивна двојка од минатата сезона“, додаде Италијанецот.