Јувентус утре го очекува натпревар против Специја во кој „старата дама“ очекува победа после двата нерешени натпревари против Сампдорија и Рома.

Масимилијано Алегри за оваа пресметка на располагање ќе го има и Анхел Ди Марија кој се повреди против Сасуоло во првото коло кога постигна и гол. Оваа информација Алегри ја потврди на денешната прес-конференција.

„Не сум го одредил составот се уште. На располагање се ставаат Фаџоли и Ди Марија, утре ќе одлучам. Против Сампдорија и Рома испуштивме четири бода и утре мораме да надоместиме, но тоа сигурно нема да биде лесно. Ќе го изберам најдобриот состав кој ќе го имам на располагање“.

Од новинарите Алегри доби прашање и за Погба.

„Погба се уште не може да помогне. Ако работите се одвиваат според планот ќе почне да трча следната недела и се надеваме дека ќе го имаме што е можно поскоро. Сигурно дека може да биде клучен играч. Тие што се повредени работат одвоено од тимот, па така не сум го видел Погба и не сме разговарале“, изјави тренерот на Јувентус.

Коментари