Тренерот на Јувентус, Макс Алегри не крие дека Јувентус оваа сезона како примарна цел го постави освојувањето на Скудетото.

После две сезони на 4-то место, Јувентус во летниот преоден рок се засили со Погба, Ди Марија и Бремер, па ќе биде еден од главните фаворити за титулата.

Алегри смета дека за „бјанконерите“ ќе биде должност оваа сезона да го освојат Скудетото.

„Јувентус, како и секогаш, сака да ги постигне сите цели. Некои врвни играчи пристигнаа ова лето: некои искусни, некои млади. Исто така, ова е мојата втора сезона, така што почнуваме на добра основа. По нашата прва сезона без трофеј по 10 години, сега имаме обврска да го освоиме Скудетото“, изјави Алегри.