Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри се најде на удар на критики поради лошите резултати од почетокот на сезоната.

Алегри во интервју за „Кориере дела Сера“ даде детална анализа на случувањата во тимот и истакна дека ова е „виртуелен“ Јувентус бидејќи му недостигаат пет стартери поради повреди.

„Навистина многу ми е жал што се наоѓаме во ваква ситуација толку рано, и јас си поставувам прашања и ги анализирам моите грешки. Но, Јувентус требаше да изгледа многу поинаку на стартот. Овој Јувентус што го зборувам за жал во моментов е виртуелен. Ни недостигаат пет стартери поради повреда“, изјави Алегри.

„Половина тим ни е повреден, замислете Интер и Милан да играат без пет стартери во тимот. Во моментов не знам кој тим ќе го имам на располагање за Монца, но знам дека мораме да победиме. Интер е најсилениот тим во лигата, но Милан го има Рафа Леао. Не постои друг играч во светот како него, кој со леснотија ги исфрла противниците од игра“, додаде Алегри.