Екипата на Јувентус е едно од најголемите разочарувања од стартот на сезоната, „старата дама“ која се засилуваше во летниот преоден рок слабо ја започна сезоната.
Како еден од главните виновници за ваквата форма на Јувентус се истакнува Масимилијано Алегри. Најголем дел од навивачите бараат Алегри да го напушти кормилото на црно-белите и да дојде негова замена.
Последните информации од Италија на оваа тема се дека раководството на Јувентус му поставило ултиматум на Алегри и дали ќе остане на клупата ќе зависи од резултатите на петте натпревари кои му следат.
Како услов за останувањето на клупата управата на клубот од Торино на Алегри му поставила победи во двата натпревари од Лигата на шампионите против Макаби, како и најмалку седум освоени бодови во следните три натпревари во Серија А. Јувентус во овие три натпревари ќе се сретне со Болоња, Милан и Торино.
Инаку колку Јувентус игра лошо сезонава доволно зборува и податокот за сегментот во кој е најлош тим во топ 5 првенства во Европа – ТУКА.