Иако се бори со ракот Себастијан Але вчера се појави на свеченото доделување на наградите за најдобрите во холандската лига.

Але ја прими наградата за најдобар голгтер во холандската Ередивизие. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска летово се пресели од Ајакс во Борусија Дортмунд, но во новиот клуб му беше откриен рак на тестите поради што сега е надвор од терените.

Откако му беше направена операцијата Але оди на хемотерапија и се чувствува добро, очекува наскоро повторно да биде на теренот.

„Не е воопшто лесно. Но се чувствувам одлично. Вакво нешто не посакувам никому да се случи. Не може секој да издржи ваков тежок момент. Јас сум опкружен со многу луѓе и како што ви кажав се е во ред“, изјави Але на церемонијата.

Коментари