Реал Мадрид замина  на полувреме со предност од 1:0 против Ајнтрахт Франкфурт во меч од Суперкупот на УЕФА.

„Кралевите“ заслужено имаат предност, бидејќи во првото полувреме беа подобар тим и создаде неколку одлични шанси.

Ајнтрахт имаше само една голема шанса, но Куртоа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите голмани во светот.

Во последните минути од полувремето, после еден корнер Алаба му донесе водство на Реал Мадрид.