Во недела не очекува големото финале на Мундијалот во Катар и во последниот натпревар во битката за трофејот силите ќе ги одмерат Аргентина и Франција.


ФИНАЛЕ: Меси или Мбапе? Битка за титула и историја! ↓↓↓


Последниот натпревар во репрезентативната кариера го игра Лионел Меси и негова голема желба е да ја заврши со светска титула. Меѓутоа веднаш по завршувањето на Мундијалот главна тема ќе биде иднината на Меси.

Се шпекулираше дека може да го напушти ПСЖ, дел од медиумите пишуваа и за враќање во Барселона, но првиот човек на клубот од Париз ја смирува ситуацијата.

„Ќе разговараме со Меси по завршувањето на Светското првенство. Тој е среќен во ПСЖ и мислам дека ќе остане со нас“, изјави Ал Келаифи.

Коментари