
Од сите страни пристигнуваат критики за Манчестер Јунајтед за играта која ја прикажа тимот против Брентфорд во дебаклот од 4:0.




Во првото коло Јунајтед изгуби со 1:2 од Брајтон, а вчера доживеа катастрофа против Брeнтфорд.




„Ова не е Манчестер Јунајтед каков што сите сакаме да гледаме. Ако бев во клубот по мечот ќе му кажев на Ерик – пакувај си ги куферите“, искоментира Габриел Агбонлахор, па објасни.




„Имаше време, ги одработи целите подготовки, а на почетокот на сезоната гледаме вистински хаос. Фудбалерите како да не се познаваат на теренот, не смее такво нешто да си дозволи“.