Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово беше на увид во просториите на градинката „Мајски цвет“, клон „Јасмин“, во населбата Тафталиџе 2, каде што во текот на викендот паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен.
– Ја утврдуваме причината, најверојатно се работи за технички проблем. Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување.
Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон, изјави градоначалникот Јакимовски по извршениот увид.
При увидот, биле забележани и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побарал да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.
Во градинката “Мајски цвет” во Карпош, Тафталиџе2 за време на викендот што измина таванот паднал, но за среќа немилиот настан се случил кога градинката била празна и без дечиња. Нема повредени, ниту пак жртви.