„Тоа е демократијата, треба да се почитува“, рече Ахмети и додаде дека излезноста на изборите во Тетово беше ниска, што е причина за епилогот од гласањето.
Тој оцени дека изборите се одржуваат во непогодно време, но за тоа причината е во неискусното раководење со општината во изминатиот период по ланските избори.
Ахмети ги наброја и гласовите кои ги освоиле другите учесници на денешните избори за Советот на Општината – ДПА 788, Алијанса за Албанците 614, Алтернатива 699, ВМРО-ДПМНЕ 2.169, СДСМ 1.316, листата „За подобро Тетово” 414, Левица 347, Партијата на Турците 164, Партијата на Ромите 104 и Интегра 94 гласови.