Претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети на прес-конференција зборуваше за овој изборен процес и истовремено ги објави имињата на новоизбраните претседатели.
Во продолжение целосниот говор на претседателот Ахмети:
Почитувани гости,
почитувани граѓани,
почитувани членови на ДУИ,
почитувани избирачи на ДУИ,
почитувани медиуми,
Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам на Партиската изборна комисија на Демократската унија за интеграција за насочување и спроведување на овој изборен процес кој за прв пат се спроведе не само кај нас туку и во регионот, “еден член, еден глас”.
Денес сум најгордиот човек во оваа држава, затоа што инсистирав ДУИ да се демократизира, ДУИ да стане прифатлив дел за секој граѓанин да ја види можноста, да ја види трката, конкуренцијата, затоа што ова ја зголемува вредноста, ова ја зајакнува демократијата и денес се одржа изборна трка внатре во куќата на ДУИ, овде во оваа трка нема омраза, затоа што си уште дома, пак си девојка, момче, жена, маж на 20 годишен процес што си обезбедил победа 20 години, четврт век, не е мала работа и не е мала работа да се земе храброст да се отворат нови процеси и внатрешни избори.
На овие избори беа регистрирани 10.423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75%. Избори денеска се одржаа во ограноците во Боговиње, Брвеница, Желино, Врапчиште, Теарце, Чашка, Студеничани, Долнени, Гостивар и Тетово.
Демократијата посредно и непосредно се спроведуваше со примена на принципот “еден член еден глас”, но секоја структура на ДУИ од член на локалниот совет, претседател на локален совет, член на огранок до претседателите на ограноците.
По пријавувањето, започна кампањата на сите кандидати која траеше две недели и тие ја промовираа својата програма. Затоа денес на денот на изборите членовите во нашите 10 ограноци со својот глас ги избраа претседателите на ограноците и тоа:
Боговиње – Бесник Емшиу
Брвеница – Аркин Јахији
Желина – Емир Сулејмани
Врапчишти – Неби Реџепи
Теарце – Нухи Незири
Чашка – Нафи Дурмиши
Студеничане – Ејуп Абази
Долнени – Џемил Ќамили
Гостивар – Валдет Џафери
Тетово – Фатон Ахмети
Им честитам на сите избрани за претседател на огранок, за членови на огранок, за претседател на локални совети и членови на локални совети и на Изборната комисија за спроведувањето на овој процес.
Овој ден е многу важен за ДУИ, ги започнавме следните две децении водејќи демократски процес и овој процес нема да застане тука туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ уште посилна и подемократска, и поодговорна, да бидеме со граѓаните, за граѓаните а секако дека сите заедно сме посилни и непобедливи.