Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети преку објава на социјалните мрежи побара од граѓаните на Тетово да ја поддржат советничката листа на ДУИ.
Ахмети рече дека листата на ДУИ ја сочинуваат млади мажи и жени кои се образовани и талентирани.
Почитувани тетовчани,
Ве повикувам денеска да гласате на изборите за совет на општина Тетово и да ја поддржите нашата листа составена од млади, упатени и талентирани кандидати.
Денеска гласајте за бројот 11 и изберете општински совет кој е функционален и во служба на тетовчани, како и партнер со власта, напиша Ахмети.