На средбата Ахмети и Хулман разговараа за политичките случувања во земјата, блокадата на Собранието, дијалогот со Софија, економскиот развој и билатералната соработка меѓу двете земји.
Претседателот Ахмети ја информираше амбасадорката Хулман за реформите и освежувањaта што се прават во ДУИ со изборите во ограноците, при што за првпат се применува принципот еден член – еден глас како демократски процес.
На средбата се разговараше и за потребата од отворен дијалог помеѓу сите политички субјекти кога се во прашање развојот на државата и потребите на граѓаните, а во таа насока беше истакнато големото значење на функционирањето на Собранието без блокади, бесмислени опструкции и бариери за развој.
Ахмети и швајцарската амбасадорка разговараа и за обидите за решавање на спорот со Бугарија и добивањето датум за преговори, како и за одржување на првата меѓувладина конференција, при што г. Ахмети нагласи дека деновиве се прават максимални и интензивни напори за приближување на ставовите со Софија.
Билатералната соработка меѓу двете земји е на вистинско ниво и треба дополнително да се продлабочи, додека Ахмети на средбата го пофали придонесот на Швајцарија во реализацијата на проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во земјата.