Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати јавно писмо до премиерот Димитар Ковачевски, во кое наведува дека министрите и функционерите на ДУИ поднесуваат оставки, пренесува ТВ21. Ахмети рече дека оваа одлука стапува на сила истиот ден кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.
Во јавното писмо Ахмети му пишува на Ковачевски:
Премиере Ковачевски,
оценувајќи дека нашата земја Република * Македонија е во критична фаза од нашата европска иднина,
оценувајќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртви од секој од нас,
поаѓајќи од условувањето од опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени, ако Демократската унија за интеграција излезе од Владата,
бидејќи сме легитимно избрани со волјата на албанскиот гласач,
бидејќи сме свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство,
бидејќи ДУИ со својот лидер Али Ахмети остануваат упорни во определбата дека евроатлантската интеграција, со сите права на државата, покра ј НАТО и во ЕУ, како и нескршливото сојузништво со Соединетите Американски Држави биле, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без оглед на нивната етничка и верска припадност,
Ние, министрите и функционерите од редовите на ДУИ поднесуваме оставка од позициите и функциите, кои моментно ги извршуваме!
Премиере, оставките ќе се ефектуираат според автоматизам во оној момент кога опозицијата ќе ги изгласа уставните промени.
Home Македонија Ахмети до Ковачевски: Министрите и функционерите од ДУИ поднесоа оставка, ќе станат...