Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети по повод 21- годишнината од Охридскиот рамковен договор, во интервју за indeks.mk изјави:
На годишнината од Охридскиот договор, г. Ахмети како гледате на тоа каков е статусот на Албанците во Северна Македонија?
Повеќе од еднаш е потврдено дека правниот и политичкиот статус на Албанците е променет во Република Северна Македонија, што значи дека тоа е исклучително големо достигнување, но не значи дека треба да бидеме задоволни со сето она што беше постигнато, бидејќи има уште многу работа.
Но, Албанците во Република Северна Македонија очигледно го подобрија својот статус. Албанците се државотворни со своето национално знаме, со универзитетите, со правичната застапеност во јавната и државната администрација, со правичната застапеност во полицијата и армијата. Направете само споредба пред 2001 и после 2001 година со договорот од Охрид, од 150 полицајци, денес имате над 2.300 полицајци во државните структури, направете и споредба после 2001 година со Охридскиот договор, од 65 припадници на армијата, денес има над 2.000 офицери и подофицери, односно да направиме споредба пред 2001 и после 2001 година од државната и јавната администрација која изнесуваше 3%, денес ја имаме со над 20%, а се повеќе се работи на постигнување на вистинската застапеност иако има многу ресори каде постои недостиг на кадар Албанци, но јас ја знам вистината и се соочувам со вистината, бидејќи има работи што ни недостигаат на нас Албанците, затоа што ние имаме недостиг од соодветно образование за различни области, но работите се движат во добра насока и не треба да застанеме тука.
Една од целите на Охридскиот договор беше еднаквост, интеграција во НАТО и ЕУ, но и економски развој, 21 година подоцна, до каде сметате дека се постигнати овие цели?
Сега сме земја членка на НАТО и веќе ги отворивме преговорите за членство во ЕУ и полноправното членство во ЕУ ќе зависи главно од тоа дали ќе си ја завршиме домашната задача, а една од најдиректните задачи се реформите во судството, образованието, здравството кои треба да бидат посветени во насока на проверка земајќи ги предвид луѓето кои се достојни за претставување на државата со професионализам во својата работа, така што ова ќе остане наша примарна задача до полноправното членство и сум убеден во тоа бидејќи успешно ги извршуваме нашите должности, тоа значи дека во блиска иднина можеме да бидеме членка на ЕУ ако ревносно ги извршуваме нашите обврски.
ЕУ не бара нешто што ние не можеме, ЕУ не бара нешто што не е во наша моќ, ЕУ бара стандарди кои ја зајакнуваат нашата земја и ја унапредуваат нашата земја во бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и функционална државна јавна администрација.
Дали сите заедници или само Албанците имаат корист од Охридскиот договор?
Бенефит од овој договор имаат сите заедници во Република Северна Македонија, пред се тоа е мирот, стабилноста и иднината на оваа земја, но корист имаат и сите мали заедници кои беа угнетувани, прегласувани и игнорирани од претходните системи.
Сите мали заедници напреднаа, почнувајќи од Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, корист имаа и различните вери, напредок имаше и верата која не и припаѓаше на православната црква туку на евангелистичката црква, тоа го потврди и поранешниот претседател, Трајковски, исто така и еврејската синагога беше напредната како останатите вери, како православната христијанска вера. И исламот и останатите религиите станаа еднакви и почитувани во оваа земја.
Со други зборови, со Охридскиот договор победи мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на заедниците во сите области кои беа прогонувани и занемарени.
Која би била вашата желба за граѓаните на денот на одбележувањето на оваа годишнина?
Мислам дека граѓаните треба да имаат доверба не само во Албанците, туку и во Македонците и во сите други заедници бидејќи Охридскиот мировен договор е камен-темелник за напредокот на Република Северна Македонија во членството во НАТО , членството во ЕУ како и решавање на спорните прашања со соседните земји.
Нашето мото беше нула проблеми со соседите и ваквата наша ориентација ќе ни послужи во иднина уште повеќе. Да се работи со силите кои се ориентирани за што поскоро спроведување на сите барања на граѓаните, за што поскоро земјата да биде дел од ЕУ, земјата да напредува во полето на економијата, работа за сите, стабилност, мир и безбедност за сите и заеднички да ја градиме нашата иднина.