Во ретко лежерен стил и шеретски јазик,авторот Агрон Биба во еден текст во Либертас.мк, го поздрави придонесот на Васко Евтов за последните две емисии со кои ја открива вистината за „францускиот предлог“.
“Неговите две последни емисии зборуваше за изгласувањето на таканаречениот Француски Предлог и започнувањето на преговорите со ЕУ, и убаво им кажа на своите гледачи, слушатели и тие кои се негови следбеници и истомисленици, кои сакаме да признаеме или не, не се малку, за жал или во случајот на овие последни две емисии, за среќа, да не се прават вештачки тензии, да не се паѓа беспотребно во очај, и да не се глуми вештачки патриотизам како изветреано шише вода од Пелистерка“,пишува Биба.
Тој им препорачува и на членовите на МАНУ да ги погледнат овие емисии на Евтов, со дебела причина:
“Се надевам дека модерната технологија и интернетот е стигнат во МАНУ, и дека имаат пристап до интернет и можат да ги гледаат овие две последни емисии на Васко Ефтов на јутјуб. Можеби и најработливиот и сега веќе и најсамосталниот новинар во Македонија може да допринесе малку во исправното размислување на нашите ценети академици, кои за жал шират мислења во јавноста како козите од романот на академик Луан Старова, полни со козји инает и песимизам, поскапа кожата од месото, мислат дека некој сака да ги истребиТ, на козите, т.е Македонците. Го читав Коцарев, ме фати страв. Среќа што Орвел не ја прочитал неговата колумна, светот ќе останеше без Орвеловото ремек дело 1984, ќе се откажеше, немаше да ја напише, ако знеше дека некој академски челник така ќе го толкува во 2022 во Македонија“.
Целиот текст на Агрон Биба можете да го прочитате на следниот линк:
https://libertas.mk/vasko-eftov-konechno-zhivee-so-vistinata/