Претседателот на Собранието, Талат Џафери во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека дебатата за уставните измени во Собранието може да трае до 10 дена.
Џафери вели дека ги има во предвид сите сценарија што можат да се случат.
„На 18-ти август почнува собраниската процедура на пленарна седница и менаџирањето на седницата е пропишано во Деловникот и истата предвидува рокови. Така да, најдолго може да трае до 10 работни дена. Истата може да трае и само една минута, значи нема пријавени за збор, ја заклучувам претрес и завршува“, вели Џафери.
Според него, не може да се предвиди што и како ќе се случи конкретно.