Една од најубавите и најуспешни топ-модели во светот, Адријана Лима, сподели фотографија од својот син Сијан, кој го роди во септември оваа година.

Момчето позира во рацете на нејзиниот партнер Андре Лемерс.

„Сине мој, мама ја гледа твојата насмевка и радост дека гледаше фудбал со тато. Наскоро ќе ви се придружам. Ве сакам, овие спомени ќе останат засекогаш во нашите срца”, напиша Лима во описот на објавата на Инстаграм.

Сијан го носи дресот на Бразил додека неговата прекрасна мајка Бразилка ја поддржува родната земја, која учествуваше на светското првенство во Катар.

Инаку, Адријана има две ќерки од поранешниот брак, 12-годишната Валентина и 9-годишната Сиена, кои ги доби со српскиот кошаркар Марко Јариќ, од кој се разведе во 2016 година по седум години брак.