На денешната 108-ма владина седница донесени се неколку важни одлуки.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница меѓу другото го разгледа и прифати Извештајот за извршените преговори за склучување на Спогодба за соработка со Советот на Министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспорт на стоки меѓу двете земји, соопшти Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.