На денешната 106-та седница на Владата на Република Северна Македонија донесена е одлука за користење на неискористените средства (во износ од 130.000.000,00 денари) од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на лицата со инвалидитет и за финансирање на мерки за вработување на евидентирани невработени лица, соопшти Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Истиот износ ќе се користи за финансирање активни програми и мерки за вработување и тоа за поддршка за самовработување, субвенционирање плати и вработување и раст на правни субјекти од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.
Исто така, донесена е и одлука за донација за Министерството за одбрана на Украина.