Оливер Драгојевиќ почина на 71 години во Сплит. Познатиот пејач зад себе ја има оставено непрежалената сопруга Весна, со која беше 44 години во брак, каде како плод на љубовта ги имаат синот Дин и близнаците Дамир и Давор.

Животот на пејачот Оливер Драгојевиќ беше полн со контроверзии. Публиката ја освојуваше со своите романтични песни, а неговиот љубовен живот беше прилично бурен, иако се трудеше да го одржи имиџот на претставителен фамилијарен човек.

Малку познатата приказна за големиот уметник кога се работи за неговиот интимен живот, кога бракот малку му се распадна, откако во јавноста се прошири веста за неговата афера со некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути.