Зибери: Најдобри услови за престој имало во затворот во Тетово

Состојбата во затворите е надвор од секоја човечка норма, додека власта прави само декларативни напори, но не и суштински. Ова е заклучокот на народниот правобранител Насер Зибвери, кој во презентацијата на извештајот за контролите направени во 2021 година донел заклучоци дека во воспитно-поправните установи во земјава клучен проблем останува пренатрупаноста и несоодветните услови.

Најкритична е состојбата во затворот Идризово во кој има најголем број затвореници, над 500 лица.

„При надзорот беше констатирано дека во некои простории од 16м2 се сместени 16 лица, односно 16 лица се сместени во 8 кревети. Во друг простор од 19 м2 се сместени 12 лица. Тешка состојба има и во затворот Скопје каде се сместени лицата во притвор“, рече Насер Зибери, народен адвокат.

Зибери вели дека најдобри услови во земјава има во затворот Тетово. Тој додава дека затворениците се плашат да пријават злоупотреба и груб третман, додека вработените во затворите, од друга страна, се плашат да ги пријават случаите кога се упатени од моќници да преземат одредени дејствија. Тој вели дека неофицијално има информации и за цените за шверц.

„Акцијата покажала, резултирала со одземање на многу недозволени предмети, оружје, телефони и сл. МВР, според моите информации, директно од министерот за внатрешни работи ви кажувам дека во ресорното обвинителство се обработуваат пријави. Нашите неофицијални информации велат дека зависно од затворот, се разбира дека во притвор таа цена е многу повисока, но се движи од 200 до 500 евра за внесување на телефон“, додаде Насер Зибери, народен адвокат.

Запрашан за решавањето на проблемите што ги имаат дел од затворениците од кумановската група во затворот Шутка, Зибери рече дека дал препорака до Управата за издржување санкции овие затвореници да бидат пренесени во Идризово, каде би можеле да ги уживаат своите права.

Тој вели дека Управата ја прифатила препораката, но сè уште не била спроведена.

ПОСЛЕДНИ

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како и...

Елмас добива нов тренер во Наполи?

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQTимот на Наполи игра прилично слабо од почетокот на сезоната, а претседателот Аурелио...

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Древен гроб на Маите пронајден во текот на изградба на железница во Мексико

Мексиканските археолози откопаа богато украсени остатоци од човечки скелет во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде што работниците ја завршуваат изградбата...