Канадскиот пејач и светска поп-ѕвезда Џастин Бибер, откри од што боледува.
Светската поп ѕвезда Џастин Бибер им се обрати на своите следбеници по пат на социјалната мрежа Инстаграм со емотивно видео и ја откри причината поради која е принуден да ги откаже концертите. Пејачот се бори со сериозен вирус поради кој десната страна од лицето му е парализирана.
Бибер им откри на фановите дека му е дијагностициран Ремзи-Хант синдром. Вели дека вирусот зафатил некој нерв во увото, а тоа предизвикало парализа на половина од неговото лице.
Како што се гледа на видеото, Џастин не може да трепка со едното око, а се смее само со една страна од устата.