Зеленски: Украина ќе биде победник во војната, дефинитивно

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека неговата земја дефинитивно ќе победи во војната што ја започнала Русија.

Зборувајќи од непозната локација во Киев преку видео-врска, Зеленски им порача на делегатите на дијалогот Шангри-ла во Сингапур дека неговата земја не е во можност да извезува доволно храна поради руската блокада и дека светот ќе се соочи со сериозна криза со храна и глад, објави „Ројтерс“.

Тој оцени дека поддршката што досега ја добива Киев од западните и азиските сојузници е голема и дека е клучно земјите да не се откажат.

„Благодарен сум за вашата поддршка, но оваа поддршка не е само за Украина, туку и за вас. На бојното поле во Украина се одредуваат идните светски правила“, додаде Зеленски.

Тој директно ги поврза руските акции со растот на цените на суровините, велејќи дека Москва прво ја блокирала енергијата за да ги зголеми цените, а сега го прави истото со храната.

Претседателот на Украина се обрати пред 575 делегати од 40 земји и рече дека неговата земја нема амбиции да влезе на руска територија.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...