Зеленски: Руските војници кои пукаат во или од нуклеарната централа Запорожје стануваат посебна цел

Украина е фокусирана кон руските војници кои пукаат во заземената нуклеарна централа на југот на земјата или ја користат како база од која се пука, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Секој ден од престојот на рускиот контингент на територијата на нуклеарната централа Запорожје и во соседните области ја зголемува заканата од радијација за Европа толку многу што дури и во најжешките моменти на конфронтацијата за време на Студената војна, тоа не се случи.
Украинските дипломати и претставниците на земјите-партнери ќе направат се за новите санкции против Русија нужно да ја блокираат руската нуклеарна индустрија.
А апсолутно сите функционери на терористичката држава, како и оние кои им помагаат во оваа уценувачка операција со нуклеарната централа, мора да бидат судени пред меѓународен суд.
Секој руски војник кој или пука во фабриката или пука под капакот на постројката, мора да разбере дека станува посебна мета на нашата разузнавачка и тајна служба, на нашата армија.“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

ПОСЛЕДНИ

Меси испратен со свирежи, тој имаше одговор за фановите🎥

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=QLKC01XSZ7IЛионел Меси синоќа го одигра својот последен натпревар...

Османи објави план од 9 чекори за нормализација на ситуацијата во Косово

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се...

Во експлозија кај Днепар 20 повредени, меѓу кои пет деца

Руска ракета погоди двокатна станбена зграда во близина на Днепар, при што се повредени најмалку 20 лица, меѓу кои пет деца, соопшти синоќа шефот...

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и...