Зеленски на пристаниште го надгледува првиот утовар на жито за извоз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во пристаништето Чорноморск на југот на земјата за да го надгледува првиот утовар на жито според договорот постигнат со Русија на 22 јули.

– Во тек е внесување на првиот товар на првиот брод од почетокот на војната. Се работи за турски брод, рече Зеленски во соопштението за печат на украинското Претседателство, кое објави и видео на кое се гледа тој пред бродот со име Поларнет.

Според украинското претседателство, испораките би можеле да започнат „во наредните денови“ за да се испратат на светските пазари милионите тони жито заглавени во украинските пристаништа од почетокот на војната.

– Ние сме целосно подготвени. Ги испративме сите сигнали до нашите партнери во ОН и Турција, а нашите војници ја гарантираат безбедносната ситуација, рече Зеленски.

Тој додаде дека Киев само чека „сигнал“ од Анкара и ОН да почне.

Испораката на житарки важни за светската безбедност со храната треба да започне со неколку бродови кои не можеа да го напуштат пристаништето поради војната.

Договорот за укинување на блокадата, првиот значаен текст меѓу двете страни од почетокот на конфликтот, има за цел да ја намали глобалната криза со храна, во која цените значително се зголемија во некои од најсиромашните земји во светот.

– За нас е важно Украина да остане гарант за светската безбедност на храната, рече Зеленски, кој беше придружуван од амбасадорите на земјите од Г7.

Украина и Русија се меѓу најголемите светски извозници на житарки. Киев сака да продаде околу 20 милиони тони во вредност од околу 10 милијарди долари според договорот.



ПОСЛЕДНИ

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQФудбалерот на Манчестер сити, Кевин Де Брујне е најплатениот играч во Премиер лигата.Белгиецот со околу...

Проблем за Баерн: Повредата на Гнабри е сериозна

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ https://www.youtube.com/watch?v=gTf9xIolFwQБаерн Минхен лесно ја заврши работата во Купот на гостувањето кај Пројзен Минстер,...

Саудиска Арабија посериозно ја развива својата нуклеарна програма

Саудиска Арабија ја објави својата посветеност на изградбата на нуклеарна програма, како и ветување дека ќе овозможи поголем надзор над инспекторите за атомска енергија,...

Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на...